in

Продадена е првата копија на стрипот во кој се појавува Бетмен, вредна 1,5 милиони долари!

Првата копија во која се појави Бетмен стана најскапиот стрип со Темниот витез досега продаден.

Неговата цена беше 1,5 милиони долари, а пред тоа, највисоката цена што ја достигна копијата на „Detective Comics“ број 27 од 1939 година беше 1.075.000 долари.

Стрипот не е отворен, но е во многу добра состојба. Ова е еден од седумте примероци ширум светот.

“Не сум изненаден од цената. Сепак, ова е една од најдобрите копии што некогаш ќе ја видите и е еден од најважните стрипови досега”, изјави Бери Сандовал, потпретседател на Аукциите на Херитиџ.

Иако ова е најскапиот стрип што го продаде оваа аукциска куќа, сепак рекордот го држи „Акциониот стрип бр.1“, кој претставува прво појавување на Супермен. Стрипот е продаден во 2014 година за 3,2 милиони, пренесува Headliner.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote