in ,

Што?Што?

Продадени 200 пара патики Луј Витон за 25 милиони долари

Сотби објави дека 200 пара патики Луј Витон и Најк „Air Force 1“, создадени од покојниот американски дизајнер Вирџил Абло, се продадени на аукција за 25 милиони долари.

Портпаролот на аукциската куќа изјави за АФП дека за еден пар биле платени повеќе од 350.000 долари за време на онлајн продажбата, која траела од 26 јануари до 8 февруари.

Износите далеку ги надминуваат првичните проценки на Сотби, кој аукцијата ја започна со сума од 2.000 долари и предвиде дека ќе се продава меѓу 5.000 и 15.000 долари за пар.

На крајот, патиките се продаваа за повеќе од 100.000 долари по пар во просек. Најевтиниот пар продаден за нешто повеќе од 75.000 долари.

Специјалното издание на патики, изработени од телешка кожа, првично беше создадено за машката колекција пролет-лето на Луј Витон за 2022 година, чиј уметнички директор беше Абло.

Абло, мултиталентиран диџеј, архитект и дизајнер, почина во ноември на 41-годишна возраст по борба со ракот.

Близок соработник на Канје Вест, Абло беше првиот црн Американец кој беше именуван за креативен директор на водечка француска модна куќа и донесе улична мода и помалку елитистички пристап во светот на луксузот.

Кафеавите, бели и крем патики можат да се пофалат со познатото лого на Најк и препознатливиот монограм на Луј Витон.

Тие се создадени за да ја одбележат 40-годишнината од Nike Air Force 1.

Приходите од продажбата ќе бидат наменети за фонд за стипендии основан од Вирџил Аблох, кој поддржува амбициозни дизајнери од црно, афроамериканско или африканско потекло.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote