in

Професионален моториста почина по судар во Мото3 серијата!

Швајцарскиот Мото3 возач, Џејсон Дупаскер, им подлегна на повредите откако беше пренесен во болница по страотната несреќа која се случи во квалификациите во Италија.

Дупаскер имаше само 19 години кога беше удрен од друг мотор на патеката Муџело во Италија. Тој веднаш по сударот беше пренесен со хеликоптер во болница во градот Фиренца. Џејсон настапуваше за третата по јачина серија во МотоГП и важеше за голем талент на спортот.

„И покрај тоа што направивме се што можеме, со жал пренесуваме дека швајцарскиот моториста Џејсон Дупаскер им подлегна на повредите“ излезе со официјално соопштение МотоГП.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote