in

ГЕСТ ЗА ПОЧИТ! Професорка оставила 25 милиони евра за добротворни цели!

Професорка по литература од Џенова, Мариса Кавана, оставила 25 милиони евра во тестамент на разни добротворни организации.

Починала на 96-годишна возраст и во својот тестамент дала прецизни упатства како да го сподели богатството што го оставила зад себе. Мислела на сè пред да почине, оставила дури и некролог во кој ги поздравува своите пријатели и поранешни студенти.

Таа остави големи суми на пари, меѓу другите, на Амнести Интернешнл, болници во Џенова, Фондот за истражување на малигни заболувања, невладината организација „Пријатели без граници“, меѓународната организација за заштита на децата „Спаси ги децата“ и други хуманитарни и невладини организации.

Госпоѓицата Кавана, како што ја нарекуваа покојната, никогаш не се омажила, живеела затскриено далеку од круговите на модерниот свет, а до пензионирањето предаваше литература и италијански јазик во средно училиште.

Вилата во која живеела, а чија вредност се проценува на три милиони евра, според волјата ќе биде продадена на најдобриот понудувач, а парите ќе бидат распределени, според тестаментот, во добротворни цели.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote