in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Рецепт кој ќе го чувате: Воздушен и сочен профитерол на француски начин!

Во царството на кремастиот вкус

За тестото ќе ви биде потребно:

  • 500 мл. вода
  • 1 мал филџан сончогледово масло
  • 250 гр. брашно
  • прстофат сол
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • 1 голема лажица густин
  • 4 јајца

За филот ќе ви биде потребно:

  • 500 мл. слатка павлака
  • 500 мл. Маскарпоне
  • 1 шишенце екстракт од ванила

За прелив:

  • 600 мл. млеко
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 5 големи лажици шеќер
  • 2 лажици рум
  • 80 гр. темно чоколадо
  • 1 лажица путер

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги на оган водата и маслото да зовријат. Во друг длабок сад просејте го брашното и убаво измешајте го со пецивото, солта и густинот.

Додадете ги сувите состојки во зовриената вода и мешајте со дрвена лажица додека не добиете убаво изедначена смеса. Тргнете го тестото на страна да се олади. Во изладеното тесто додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте со дрвената лажица за да се изедначи смесата. Внимавајте при додавањето на јајцата, не го додавајте следното јајце пред смесата убаво да се изедначи со предходното јајце. Тестото за профитеролите е готово!

Печете мали профитероли 20 минути на 200 степени, па намалете на 18о и печете уште 15 минути.

За филот со миксер изматете ја слатката павлака и додадете маскарпоне и ванила екстракт. Матете додека не добиете убаво изедначена и мазна смеса. Филот за профитеролите е готов.

Во еден мал сад растворете го пудингот со 100мл млеко. Во сад на оган ставете го остатокот од млекото да зоврие. Додадете го пудингот и убаво измешајте. Се става повеќе млеко за да добиете поредок пудинг. Додадете го румот и чоколадото и мешајте додека не се растопи чоколадото. На крај додадете и 1 лажица путер.

Шприцот за слатки наполнете го со ванила крем, полнете ги профитеролите, наредете ги на чинија за сервирање и прелијте ги со изладениот чоколаден крем. Наросете ги со шеќер во прав.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote