Пред само една година, компанијата Disney забележа асторномски профити од околу 80 милијарди долари додека го прославуваше лансирањето на Disney Plus. Но оваа година сликата е малку поинаква. Во четвртокот компанијата објави лоши вести за 2020 годнина. За време на пандемијата, приходите на Disney се намалиле за 45% во годината, а за неверојатни 82% од минатиот квартал.
Доколку ги пресметаме бројките и ги внесеме даноците, компанијата загубила 700 милиони долари за само еден квартал. Ова е една од најголемите загуби во историјата на компанијата. Најголема загуба е поради затворањето на кино салите и одложувањето на закажаните филмови. Disney беше приморан да ги одложи многу негови филмови за 2021.
Коментари
Loading…