Зачинета, вкусна и совршена за појадок или вечера.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 2 чаши брашно (200мл)
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 чаша палента
- 1 чаша кисела вода
- 1 чаша зејтин
- 150 гр. кулен
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 чаша јогурт
- 200 гр. кравјо сирење
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со сол, а потоа додадете јогурт и кисела вода. Потоа додадете ги сите видови брашно, прашок за пециво, сирење, ситно сецкан кулен, и повторно сè добро измешајте. Печете на предходна загреана рерна околу половина час на 180 степени.
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…