in ,

Што?Што? ТаженТажен

Пролет во Алјаска – Поларните мечки принудени да мигрираат од Америка во студената Русија

На Алјаска, на островот Кодијак, на 26 декември 2021 година е измерена рекордна висока температура од дури 19,4 степени Целзиусови.

Просечната годишна температура во Алјаска порасна за 4,8 степени во последните 50 години, а еден од највидливите знаци на глобалното затоплување е масовниот егзодус на поларните мечки, пената РТС.

Животните се принудени да мигрираат од Америка во Русија поради климатските промени.

Температурата од 19,4 степени Целзиусови измерена пред една недела е највисоката температура измерена досега во декември на Алјаска. Далеку на запад, на рускиот остров Врангел во соседното Чукиско Море, кое е богато со храна за мечките, нивната популација значително порасна.

Научниците изброиле рекордни 747 мечки во 2020 година.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote