Археолозите откриле остатоци од девет неандерталци во пештера недалеку од Рим, објави италијанското Министерство за култура.
Во соопштението се наведува дека остатоците се стари меѓу 50.000 и 68.000 години, а најстарите датираат од периодот од пред 90 000 до 100 000 години.
Остатоците се пронајдени во пештерите „Грота Гатари“ откриени пред повеќе од 80 години и се наоѓаат на околу 100 метри од брегот на Тиренското Море во регионот на Лацио.
Сликите објавени од Министерството за култура покажуваат коски, делови од черепот и други остатоци од телото.
Неандертал е име за посебен вид праисториски човек кој живеел во Европа и дел од Азија до пред околу 40.000 години.
Коментари
Loading…