in

Протеинска каша со вкус на пита со јаболка: Најубавиот појадок што некогаш сте го пробале!

Топла овесна каша е идеален начин да го започнете денот. Тоа е фино и пополнето јадење полно со протеини што ни дава доволно енергија.

Овесната каша може да се подготвува на различни начини и со многу додатоци. Oсобено добро ќе ви одговара овесната каша, која има вкус на пита со јаболка, но многу помалку калории од тој десерт.

Состојки:

50 грама овесни снегулки
120 мл вода
120 мл млеко
1 големо јаболко
1 лажичка путер
1 лажичка кафеав шеќер
1 лажичка цимет
грст ореви

Подготовка:

  1. Измијте го јаболкото и исечете го на приближно исти парчиња.
  2. Растопете го путерот во тенџере и на него испржете ги јаболките.
  3. Додадете шеќер и цимет и варете ги сите заедно неколку минути додека јаболките не омекнат и не почнат да се карамелизираат.
  4. Гответе ја овесната каша на вообичаен начин со еднакви количини вода и млеко, а потоа послужете со карамелизираните јаболка и парчиња ореви.

Совет плус:

Доколку сакате дополнително да го збогатите вкусот на овесна каша со вкус на пита со јаболка, во садот можете да додадете и малку морско оревче, екстракт од ванила и мелен ѓумбир.

Добар апетит!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote