in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Протеински леб: Со многу здрави и вкусни состојки

Одличен е и штом ќе го пробате, нема да бидете долго гладни

 

За сите оние кои се на диета или внимаваат да не јадат бело брашно или едноставно се хранат здраво, одличен извор е протеинскиот леб. Оние што го пробале велат дека нема да бидат гладни долго време.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 лажици лесно мелени семиња од лен
  • 4 лажици лесно мелени семки од сончоглед
  • 500 гр посно сирење
  • 250 гр овесна каша
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за пециво
  • сончоглед и лен цели семиња за наросување

Подготовка:

Ставете јајца и сол во сад и промешајте со миксер околу 5 минути. Потоа додадете ги сите други состојки и комбинирајте ги со миксер или жица за да добиете компактна смеса. Смесата префрлете ја во плех за печење на кој сте ставиле мрсна хартија (големина 25 см – рецептот е за мал леб), израмнете ја и одозгора наросете со уште неколку цели семиња. Лебот печете го на 180 степени 40 минути. Можете да користите чепкалка за заби за да проверите дали е испечен.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote