in

ПАДНАА И ПРВИТЕ ЗАБРАНИ ВО ТРАСНПОРТОТ! Германија ги изречи првите казни со забрана за патување на оние кои одбиваа да носат маски!

Германските железници (Дојче Бан – ДБ) ги воведоа првите долгорочни забрани за патувања во нивните возови за патници кои одбија да носат заштитни маски, објавија денеска германските медиуми, повикувајќи се на изјава на портпарол на националната железничка компанија.

На овие лица ќе им биде забрането да користат ДБ возови и во меѓуградскиот и во локалниот сообраќај во следните шест месеци и нема да им биде дозволено да влегуваат во железничките станици низ целата земја, наведува весникот „Велт ам Зонтаг“, истакнувајќи дека примената и контролата на наметнатите мерки ќе бидат тешки.

Во повеќето случаи, ова се луѓе кои јавно негираат постоење на пандемија на корона вирус.

Кон крајот на декември, некои од осудените ги објавија своите снимки од возот близу Дрезден, малтретирајќи други патници без маски. Со објавување на снимките на интернет, таа група им ги достави на Дојче Бан потребните докази за казната за исклучување од превозот.

Во случај на непочитување на забраната, компанијата ДБ се подготвува да поднесе кривични пријави против прекршителите за нарушување на приватниот имот, наведува весникот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote