in

БИЗАРНО! Првиот Британец заразен со корона починал од дрога!

Првиот Британец заразен со вирусот корона почина една година откако се опорави, а неговото тело го пронајдоа колегите во кампусот на универзитетот Бангор во Велс.

Аутопсијата покажа дека причина за смртта е респираторен арест како резултат на употреба на дрога.

Конор Елис Рид, 26-годишен студент на кинески јазик, се смета за првиот Британец заразен со вирусот корона во ноември 2019 година додека живеел и работел како учител во училиште во Вухан, Кина, пишуваат британските медиуми.

Додека бил заразен во Вухан, епицентарот на вирусот корона, Рид водел дневник во кој ги споделувал своите искуства за борба против вирусот скоро еден месец. Тој напиша дека неговата состојба била многу тешка во првите десет дена, за да се влоши дванаесеттиот ден.

“Мислев дека тој проблематичен период помина, но дури тогаш започна кошмарот. Дишев тешко, морав цело време да одам во тоалет. Се потев и треперев. Не можев да дишам, се гушев. Кога дишев звучев како некој да натрупува хартиена кеса. Мислев дека е тоа, дека нема враќање “, напиша Рид.

По 24-тиот ден, болеста стивнала и Рид се вратил на работа. Наскоро отпатувал во Австралија за да го посети семејството, по што се вратил во Велс за да ги продолжи студиите по кинески јазик и лингвистика.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote