in

Првиот број на стрипот „Супермен“ беше продаден за 3,25 милиони долари!

Првиот број на стрипот „Супермен“, објавен во јуни 1938 година и чинеше 10 центи, беше продаден за 3,25 милиони долари, што е највисоката сума досега платена за еден стрип.

„Супермен“ беше отпечатен во стотици илјади примероци, а се верува дека околу 100 примероци од првиот број се зачувани до денес.

Копијата што беше продадена, еднаш беше пронајдена во еден куп филмски списанија од 30-тите години на минатиот век и беше совршено зачувана, изјави ко-сопственикот на страницата за аукција на Интернет ComicConnect.com, Винсент Зурзоло.

Продавачот заработи милион долари на стрипот, бидејќи го купи пред три години за 2,25 милиони.

Највисоката цена за еден стрип досега беше постигната во 2014 година, кога и првиот број на „Супермен“ беше продаден на eBay за 3,2 милиони долари.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote