Лоши новости за љубителите на PlayStation откако Sony потврди дека најновата гејминг конзола нема да подржува игри од неговите претходници: PS1, PS2 и PS3. Тоа не значи дека треба да ги фрлите вашите стари игри, но мора да се помрите со фактот дека на крајот на овој месец, кога PS5 ќе пристигне, тие ќе почнат да собираат прашина во кабинетот.
PlayStation 5 потврди дека ќе биде лансиран на 12 Ноември во САД, Јапонија, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, додека за остатокот на светот конзолата пристигнува една недела подоцна односно на 19 Ноември. Конзолата нуди уникатно искуство на корисниците и неверојатен перформанс, но едно нешто не нуди, а тоа е игри од неговите претходници.
Коментари
Loading…