in ,

НервозенНервозен СлаткоСлатко Што?Што? УбавоУбаво ТаженТажен

ПСИХОПАТИ – КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЗЛОБИТЕ ЛУЃЕ, ГЛУМААТ ДОБРИНА, А ВСУШНОСТ ВИ ЗАРИВААТ НОЖ ВО ГРБ!

Една од причините зошто често не гледаме дали тоа го нарекуваме „зло“, срцева болест или психопатско однесување е веројатно затоа што ни е тешко да поверуваме дека такви луѓе навистина постојат.

Не можеме да замислиме дека некој не изневерува, мами или повредува (и нас и другите) без грижа на совест, да шири лаги и измислици со цел да уништи нечиј углед или да се преправа и изневерува нешто што не е, се со цел да нанесе штета на другите. (физички, материјални, емоционални…), пишува „Аура“ (

Овие пет знаци покажуваат дека имате работа со луѓе кои имаат злобно срце, а доколку препознаете некои од нив, најдобро би било да се држите настрана од таквите луѓе, а нивната „поправка“ и психичко исцелување сепак може да им се препуштат на попрофесионални луѓе. .

Луѓето со злобно срце се експерти за создавање конфузија, збунки и кавги

Тие: ги искривуваат фактите, мамат, лажат, избегнуваат преземање одговорност, ја негираат реалноста, измислуваат приказни, ги задржуваат информациите за себе

Луѓето со злобно срце се експерти за да ги измамат другите со нивниот сладок разговор

Но, ако ги погледнете плодовите на нивните животи или ако ги следите нивните зборови, ќе видите дека таквите луѓе никогаш не се менуваат и не инвестираат во раст и развој.

Нивниот живот е илузија, а нивната духовна храна е страдањето на другите луѓе!

Луѓето со злобно срце секогаш сакаат да ги контролираат другите луѓе и тие се нивниот највисок авторитет

Ги отфрлаат повратните информации и конструктивната критика, ги креираат правилата според кои живеат, без да внимаваат на моралните норми.

Луѓето со злобно срце често играат на симпатиите на добродушните луѓе со цел да измамат

Изгледа вака: бараат сочувство, но самите не го нудат.

Тие бараат топлина, прошка и интимност од луѓето против кои згрешиле без никаква емпатија за болката што ја предизвикале и без вистинска намера да се обидат да го поправат она што го направиле или да се обидат да ја вратат изгубената доверба.

Луѓето со злобно срце немаат совест и не знаат што е каење

Тие дури и немаат намера да се обидат да се борат со својата злоба – всушност, уживаат во тоа – сето тоа под маската на одреден благороден карактер.

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote