in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Дали пуканките навистина се една од најздравите закуски?

Пуканките се едни од омилените грицки, а повеќето луѓе кога одат во кино, грицкаат токму тоа – пуканки за време на филмот. Сепак, се поставува прашањето дали пуканките се поздрави од другите грицки како што се чипсот и смоките или се подеднакво штетни за организмот?

Пуканките не се ништо повеќе од цело зрно пченка кое е растворено. Иако се користи малку маснотии за време на подготовката, тие не се сметаат за нездрава храна.

Според својот состав, пуканките имаат многу влакна и малку калории. Поточно, една шолја пуканки содржи: 31 калории, 1 g протеини, 0,4 g масти, 6 g јаглени хидрати, 1 g влакна и 0,07 g шеќер, што го прави одлична замена за пржените грицки.

Сепак, лесно можете да ја расипете калориската вредност на пуканките ако додадете путер, сирење, карамела или било кој друг додаток. Тогаш престануваат сите муабети за пуканки како здрава храна.

Што се однесува до пуканки во микробранова печка, избегнувајте ги затоа што се богати со сол и заситени масти, а постои и ризик од развој на одреден тип на белодробна болест поврзана со диацетил, хемикалија која се користи во маргаринот на пуканки.

Со други зборови, добрите, стари пуканки што ги правите во старо тенџере со неколку капки масло се најдобри.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote