in

Путин наредил масовна вакцинација во Русија од следната недела!

Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на органите должни за справување со корона вирусот да започнат со масовна вакцинацина против Ковид-19 во Русија од следната недела. „Од следната недела ќе почнеме со масовна вакцинација. Да започнеме со работа уште од сега“ и порача претседателот на заменикот премиер Татјана Голикова.

Според неговите зборови, вакцинацијата ќе започне со вакцинирање на двете најризични групи, а тоа се лекарите и наставниците. Руската вакцина против корона вирус, Спутник V е ефикасна 95% на вирусот, според информациите кои властите на Русија ги добија од многубројните тестирања.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote