in

Путин само се насмевна кога новинарот го праша дали е убиец

Рускиот претседател Владимир Путин се насмевна кога новинар од ЕнБиСи го праша дали е убиец.

„Претседателе, дали сте убиец?“ беше прашањето на Кер Симонс во интервјуто со Владимир Путин. Путин ќе се сретне со Џо Бајден за прв пат откако Бајден стана претседател на Соединетите американски држави.

Путин се насмевна на тоа прашање и одговори: „За време на моите мандати добивав напади од сите страни за секакви причини. Ништо повеќе не ме изненадува“. Прашањето беше поставено откако Бајден во март изјави дека верува дека Путин е убиец.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote