in

Квентин Тарантино откри кој негов филм сака да го преработи!

И покрај големиот број на љубители на неговите филмови, Квентин Тарантино е одлучен да се пензионира по неговиот десетти филм.

Тарантино е познат по неговите ремек делa Pulp Fiction, Kill Bill и Inglourious Basterd. Тој сака да ја напушти филмската индустрија и да го задржи својот кредибилитет откако ќе го сними десеттиот филм.

Моментално режисерот го промовира неговиот роман Once Upon a Time in Hollywood, која е базирана според неговиот истоимен филм. Тој дури и размислува дали да направи „римејк“ на некои од неговите претходни филмови.

Тарантино изјави дека доколку некогаш направи римејк на негов филм, тоа најверојатно ќе биде филмот Reservoir Dogs.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote