in

Рабин ги предупредува луѓето да не се вакцинираат против ковид – бидејќи ако се, ќе станат хомосексуалци! [ВИДЕО]

Израелскиот рабин Даниел Асор, кој има голем број следбеници на социјалните мрежи, ги предупреди луѓето да не „примаат вакцина против вирусот корона, бидејќи тоа ќе ги направи хомосексуалци“.

Тој исто така рече дека целата светска вакцинација е дело на „злобна светска влада“, која сака да „воспостави нов поредок во светот“.

“Секоја вакцина направена од ембрионален супстрат, и имаме докази за тоа, предизвикува спротивни тенденции. Вакцините се земаат од ембрионалната база, а тоа го сторија и тука”, напиша тој во својата изјава, алудирајќи на хомосексуалноста.

Откако неосновано воспостави врска помеѓу вакцината и хомосексуалноста, Асор продолжи да тврди дека во различни теории на заговор има вистина во врска со пандемијата на ковид-19.

Тој ги нарече Светската здравствена организација и компаниите што развиваат вакцини, како Фајзер и Бионтек, „криминални организации“, тврдејќи дека вирусот е „намерно ослободен со цел да се намали глобалната популација“.

Израелската ЛГБТ организација Хаврут даде саркастичен одговор на ваквите неосновани тврдења на Асор, велејќи дека доколку вакцината ја промени сексуалната ориентација на една личност, тогаш едвај чекаат да ги поздрават новите членови.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote