in

РОЛАН ГАРОС: Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ продолжуваат во четвртата рунда

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се пласираа во четвртата рунда од Ролан Гарос без поголеми потешкотии.

Камерон Нори не успеа да го изненади кралот на Ролан Гарос, Рафаел Надал и стана последниот Британец кој испадна од турнирот. Нори, 25, успеа да освои неколку гемови, но тоа беше премаклу за Шпанецот кој со резултат 6-3 6-3 6-3 ќе игра во осмина-финалето.

Најдобро рангираниот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ со „пола гас“ го совлада Литванецот Рикардас Беранакис. Србинот беше супериорен и во три сета со резултаа 6-1 6-4 6-1 го совлада Литванецот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote