in ,

СлаткоСлатко

Ријана стана мајка: Пејачката се породила во потполна тајност, познат и полот на бебето

Се породи пејачката Ријана, која на свет го донесе своето прво дете, момче, пренесуваат странските медиуми.

Како што наведува „TMZ“, таа се породила на 13-ти мај во потполна тајност во Лос Анџелес.

Името кое Ријана и раперот АСАП Роки го одбрале за својот наследник сè уште не е познато. Пејачката за последен пат беше видена во јавноста на 9-ти мај, кога со својот избраник беше на вечера по повод Денот на мајката.

Ријана во текот на бременоста не се откажа од сексапилниот и провокативен изглед поради кој често беше на мета на критики.

Инаку, веста дека таа се породила започна да се шири вчера кога една корисничка на Твитер напиша дека Ријана се породила во болницата во која таа работи, и дека барала целиот кат од оваа институција да се испразни за да биде сама.

Истата жена во коментари под својата објава напишала и дека пејачката родила момче.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote