Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ оваа сезона игра за Севиља, а во клубот се врати по петгодишна „пауза“ откако настапуваше за Барселона во тој период. Тој успеа да ги освои ЛШ и Ла Лигата со Каталонците а сега го боцна неговиот поранешен соиграч Меси со интересна изјава.
„Сите ние во Барса бевме гладни за победа. Среќен сум што играв со голем број феноменални играчи. Еден од нив е секако и Меси. На него му реков дека ги постигна сите тие голови и освои многу трофеи, но јас имам еден трофеј што ти никогаш нема да го имаш. Лига Европа“ изјави Ракитиќ.
Коментари
Loading…