in

Рамос: ПСЖ е многу блиску до својата прва титула во Лигата на Шампиони!

Серхио Рамос инсистира дека неговиот нов клуб ПСЖ е многу блиску до својата прва титула во Лигата на Шампиони.

И покрај огромните инвестиции од страна на клубот во изминатите неколку сезони, ПСЖ не успеа да стигне до својата примарна цел – освојување на Лигата на Шампиони. Тоа ги остави разочарани катарските сопственици.

Рамос знае како е да се освои трофејот бидејќи го има кренато 4 пати во својата кариера со Кралевите. „Играчите на ПСЖ веќе играле во финалето на ЛШ. Тие знаат како се победува и можам да кажам дека клубот е многу блиску до својата прва титула во ЛШ“ изјави тој.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote