in

Ремсдејл ќе го замени повредениот Хендерсон во англиската репрезентација!

Арон Ремсдејл доби повик за да го замени повредениот Дин Хендерсон на голманската позиција во репрезентацијата на Англија за Еуро 2020.

Голманот на Манчестер Јунајтед се повлече од турнирот откако се здоби со повреда на колкот на тренингот со репрезетнацијата. Тој ќе се врати во неговиот клуб за да го продолжи процесот на закрепнување во подобри услови.

Голманот на Шефилд Јунајдед, 23, нема забележано настап за репрезентацијата досега, но беше дел од проширениот список на менаџерот Герет Саутгејт. Тој ќе ги помине сите протоколи за Ковид-19 пред да се приклучи на останатите фудбалери.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote