Рејнџерс им нанесоа пораз на своите вечни ривали Селтик и успеаа да се одлепат 4 поени на табелата на Шкотската Прва Лига. Натпреварот заврши со 2:0 во корист на домаќините од Глазгов. Ова беше првото дерби кое се одигра без фанови во историјата на овие 2 екипи.
Екипата на Стивен Џерард поведе во раната фаза од мечот преку ударот со глава на Конор Голдсон по одличниот центаршут од слободен удар на Џејмс Таверниер. Голдсон беше стрелец и на вториот погодок на Рејнџерс кој го постигна во 54тата минута.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…