in

Раперот Dr Dre ќе мора да испраќа сума со шест цифри секој месец до неговата поранешна сопруга!

Популарниот американски рапер Dr Dre доби наредба од судот со која ќе мора да и испраќа голема сума на пари на неговата поранешна сопруга Nicole Young секој месец.

Уште минатата година се знаеше дека раперот и неговата сопруга се разделуваат, и Young од судот побара нејзиниот поранешен сопруг да исплаќа голема сума на пари на нејзината сметка секој месец.

Според шпекулациите Young најпрвин побарала 2 милиони долари секој месец, заедно со дополнителни 5 милиони за нејзините адвокатски трошоци. Но судот на Лос Анџелес одлучи дека сумата од 293,306 долари секој месец, ќе биде доволна. Раперот ќе треба да ја плаќа оваа сума секој месец.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote