in

Раперот Tyler The Creator потроши пола милион долари на бизарен ланец! (ФОТО)

Популарниот американски рапер Tyler the Creator потрошил неверојатни 500 илјади долари на бизарен ланец направен од дијаманти.

Раперот неодамна го сними својот нов албум Call Me If You Get Lost и го промовираше на BET. Поради позитивните реакции од критичарите, раперот одлучи да се почасти нов ланец кој според медиумите вреди неверојатни пола милион долари.

Ланецот е дизајниран од Алекс Мос и било потребно дури седум месеци за да се направи. Тој е направен од голем број на сафири и дијаманти. Според TMZ, ланецот содржи 23,515 скапоцени камења во него. Се верува дека биле потребни 4 месеци само за да се пронајдат потребните дијаманти и сафири за производството.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote