in ,

Што?Што?

Светот го следи разводот помеѓу Кање Вест и Ким Кардашијан кој се претвори во пекол

Разводот помеѓу раперот Кање Вест и Ким Кардашијан го следи целиот свет, а сега парот своите проблеми ги префрли на социјалните мрежи.

Според Кање, нивната ќерка Норт е премногу млада да ги користи социјалните мрежи, а според неговата наскоро бивша сопруга, тоа е во ред. За несогласувањата околу воспитувањето на нивната ќерка, Кање се пожали на неговите следачи:

Бидејќи ова е мојот прв развод, се прашувам што можам да направам со мојата ќерка на Tик Ток против моја волја?

Ким не беше воодушевена од потегот на Кање, го доживеа како напад и брутално одговори:

– Нападот на Кање врз мене е многу поштетен од она што Тик Ток може да го сними. Како родител кој е примарен носител на грижата за нашите деца, се трудам максимално да го заштитам моето дете, а во исто време да му овозможам да ја изрази својата креативност, се разбира под надзор на возрасен… Разводот сам по себе е тежок за децата, а уште поболни се обидите на Кање да не контролира и манипулира со нас. Од почетокот единствена желба ми беше да ги воспитувам моите деца на здрав и хармоничен начин, па многу сум тажна што Кање упорно го спречува тоа. Би сакала приватно да ги решавам работите поврзани со нашите деца и се надевам дека ќе контактира со третиот адвокат кого го ангажираше минатата година и дека се ќе решиме спогодбено.

Сепак, раперот не се согласува дека Ким е примарен старател на нивното дете, но и огорчен е поради сцените кои му ги приредила поранешната сопруга.

Што сакаш да кажеш со тоа примарен старател? Америка виде како се обидуваш да ја киднапираш ќерка ми на нејзиниот роденден со тоа што не ми ја даваше адресата на забавата. Ми намести обезбедување дома додека си играв со син ми, а потоа ме обвини за кражба. Морав да направам тест за дрога по роденденот на Чаги затоа што ме обвини дека сум под влијание на наркотици. Трејси Ромулус престани да манипулираш со Ким да биде таква… – напиша Кање во објавата напаѓајќи го публицистот на Ким.

Нивните поддржувачи на социјалните мрежи се поделени околу оваа работа, но сите се согласуваат во едно, приватните проблеми треба да останат приватни, особено кога станува збор за нивното дете.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote