in

Развојот на 6G мрежата е веќе започнат, а 5G сè уште не стигнал до корисниците..

Новиот iPhone кој поддржува 5G треба да се појави до крајот на октомври, но извршниот директор на AT&T смета дека Apple не треба да биде премногу оптимист за успехот на пазарот.

Apple веќе објави дека нарачал 75 милиони 5G iPhone телефони од добавувачи, кои планира да ги испрати низ целиот свет. Сепак, шефот на AT&T рече дека само некои луѓе ќе бидат подготвени да платат за брзина слична на домашниот широкопојасен интернет, но дека повеќето ќе бидат задоволни од употребата на 4G технологија.

Тој додаде дека долго најавуваните 5G телефони нема да останат незабележани, но дека потрошувачите, соочени со економијата оштетена од пандемијата, ќе решат да заштедат пари.

5G технологијата се смета за иднина на интернет поради неговата многу поголема брзина што може да ги „отклучи“ напредните технологии како што се самовозечки автомобили и паметни уреди.

Сепак, првичните реакции на пазарот не се многу големи, бидејќи голем дел од овие напредни технологии или не се развиени, или се корисни само за големите бизниси, пишува CNBC.

Во меѓувреме, AT&T објави дека нивните инженери веќе работат на 6G технологија, но исто така и дека безжичниот интернет секогаш ќе заостанува зад оптичките кабли насочени директно до домот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote