in

КРАЛЕВИТЕ ја започнаа 2021 со победа!

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Селта со 2:0 во рамките на 17. коло од Ла Лига и ќе преноќат на лидерската позиција на табелата.

Првата победа во Новата година, „кралевите“ ја остварија благодарение на тандемот Лукас Васкез – Маркос Асенсио кои имаа по еден гол и една асистенција.

„Кралевите“ поведоа уште во шестата минута по одлично изведен контранаоадм Асенсио од левата страна нафрли, а Лукас Васкез со глава го совлада голманот на гостите Бланко.

Конечниот резултат го постави Асенсио во 53. минута и тоа на асистенција на Васкез.
Реал Мадрид со победата се искачи на лидерската позиција на табелата со 36 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид кој има дури три натпревари помалку, додека Селта е осма со 23. бода.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote