Доцнежниот гол на Родриго им ја донесе победата на Реал Мадрид во натпреварот против Интер, нивна прва победа во Лигата на Шампионите оваа сезона. Реал поведе во 25тата минута по голот на Бензема и го зголеми водството со 100тиот гол на Рамос во дресот на Кралевите, но Интер набрзу одговори преку Мартинез во 35тата минута.

Иван Перишиќ стрелаше за израмнување на резултатот по асистенцијата на Мартинец во второто полувреме. Сепак херој на тимот од Мадрид беше Родриго со одлична завршница во доцната фаза од натпреварот по пасот на Винисиус. Реал моментално е трет во табелата на Лигата на Шампионите, а Интер се наоѓа на последната позиција со ниту една победа.
Коментари
Loading…