in

ДОМАШНА НУТЕЛА СПОРЕД Рецепт на нутриционист: Здрава верзија на популарниот намаз, малку луѓе знаат дека се прави толку лесно!

Намазите од лешници и чоколади се омилен додаток на парче леб или палачинки, без разлика дали сте дете или возрасен!

Но, дали знаевте дека лесно можете да направите домашен намаз како што е Нутела ? И тоа без адитиви?

Ума Најду, нутриционист и психијатар, го сподели својот рецепт за намаз од чоколадо и лешник без додаток на шеќер, што ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 2 чаши излупени лешници
  • 100 грама црно чоколадо (80%)
  • Лажица какао во прав
  • 2 лажици мед
  • Половина лажичка инстант кафе
  • Лажичка екстракт од ванила
  • Лажица кокосово масло (доколку е потребно)

Подготовка:

Ставете ги лешниците во плех обложен со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 180 степени. Ќе трае околу десет минути, но не ја напуштајте кујната, бидејќи во зависност од големината на плодовите, тие можат да изгорат.

Растопете го чоколадото на пареа, па ставете го заедно со лешниците во процесорот и блендирајте додека не добиете мазна смеса. Додадете ванила, мед, какао и кафе и проверете ја густината – ако лешниците биле многу суви, можеби ќе треба да додадете лажица кокосово масло, но ако сте задоволни со текстурата, прескокнете го овој чекор. Истурете во чиста тегла и чувајте во фрижидер.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote