in ,

УбавоУбаво Што?Што? СлаткоСлатко

Рецепт за најпознатиот и највкусниот леб на италијанците ФОКАЧА

Италија е земја на високата мода, убавите жени, но и специјалитетите од тесто. Фокача е еден од тие специјалитети, од оние типично италијански јадења создадени за утринско уживање со семејството.

Состојки:

– 400 грама тврдо брашно;
– 100 грама меко брашно;
– 350 милилитри топла вода;
– 1 ќесичка шеќер;
– 1/2 коцка свеж квасец;
– 1/2 лажичка сол;
– 50 милилитри маслиново масло.

Фил:

– 3 лажички маслиново масло;
– 2 чешниња лук;
– 2 домати;
– 5 маслинки;
– 1 гранче рузмарин;
– 1 лажица крупна сол;
– 1 лажица оригано.

Подготовка:

Квасецот помешајте го со топлата вода, додадете го шеќерот, па оставете го тестото 15-на минути за квасецот да се „активира“.

Во друг сад помешајте го брашното, солта и со активираниот квасец замесете тесто. На крај, додадете маслиново масло и месете уште една минута.

Тестото покријте го со крпа и оставете го половина час да отстои на собна температура.

На работната површина ставете малку брашно, па премесете го тестото. На плехот во кој ќе го печете, ставете масло за јадење, па ставете го тестото и со прстите развлечете го.

Тестото повторно покријте го со крпа и оставете го уште половина час да отстои. За тоа време подгответе го филот.

Доматот и маслинките исечкајте ги на ситни парчиња. Во мала чинија измешајте го лукот, маслиновото масло и ориганото. Кога тестото ќе нарасне, со врвовите на прстите направете вдлабнатина на површината од тестото, па премачкајте го со смесата од лукот и маслиновото масло.

Врз тестото ставете го претходно подготвениот фил.

Фокачата печете ја во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 15-на минути. Кога ќе биде готова, декорирајте со рузмарин и послужете.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

3 поени
Upvote Downvote