in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Рецепт за пециво за добро утро: Меко, едноставно, совршено…

Започнувањето на денот со топол и вкусен оброк е една од оние ситници кои го прават животот поубав.

Ви пренесуваме рецепт за вкусно пециво, кое ќе биде готово за кратко време.

Потребни состојки:
Тесто:

  • 1 кг брашно
    1 dl масло
    7 dl млеко
    1 лажица шеќер
    1 лажица сол
    квасец

За премачкување:

  • 1 dl масло
    1 јајце
    сусам

Подготовка:

1. Во 1 дл топло млеко се става лажица шеќер и квасец, се промешува и се остава топло додека не се пени.

2. Во сад се става брашното помешано со сол, масло, преостанатото млеко и се додава смесата со квасецот. Замесете тесто и оставете го топло да стаса.

3. Од тестото се прават форми по желба, се ставаат во лист на хартија за печење. Оставете половина час, па премачкајте со јајце и масло и посипете со сусам. Се пече на 200 Ц.

4. Кога пецивата ќе поруменат, се вадат од рерна и се премачкуваат уште еднаш со масло.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote