in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Неверојатен и превкусен рецепт за Милиброд

Рецепт за милиброд:

Во 250мл.млако млеко се раствора 25гр.свеж квасец со 1 лажиче шеќер.Се остава да стаса. Во 500гр.просеано брашно се додава 1 лажиче сол, 50 гр.шеќер, 1јајце, стасаниот квасец и 100гр.омекнат путер.Обавезно ставете и кора од рендан лимон или портокал (по ваш вкус).Се заедно се меси убаво и се остава да стаса 1 час. Во долгнавесто тавче 35см.на хартија за печење и намастена со путер се става тестото кое предходно се плете во плетенка( се дели на три дела, се сукаат долги ремени и се сплетуваат)Плетенката стасува уште половина час.Се мачка со жолчка и пече на 180 степени 35-45 минути.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote