Ако сè уште не сте пробале вкусен леб од банана – ова е вистинското време! Направено е лесно и сигурно ќе бидете воодушевени од резултатот.
Состојки:
- 230 гр. брашно (просеано)
- 100 гр. кафеав шеќер (може да биде и бел)
- прашок за пециво
- 2 јајца
- малку цимет
- 125 гр. стопен путер
- 3 зрели банани
- 50 гр. мелени или сецкани ореви
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, истурете во плех (обложен со хартија за печење) и печете во предходно загреана рерна на 180 степени околу еден час.
Коментари
Loading…