in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ПОЛНЕТА ПЛЕТЕНКА… ОДЛИЧНА ВИ Е ЗА СЕКОЈ ДЕН КАКО И ЗА ПОСЕБНИ ПРИГОДИ

Состојки:

ТЕСТО (ЗА 15 ПАРЧИЊА):

500 гр. брашно
20 гр. свеж квасец
50 гр. шеќер
50 гр. омекнат путер (или маргарин)
2 јајца
1/2 лажичка сол
3 дл. млеко.

ЗА ФИЛ:

3-4 лажици џем од кајсија (погуст).
30 гр. суво грозје
30 гр. сецкани бадеми (може да се и мелени)

Подготовка
1.
Просејте го брашното, додадете го активниот квасец во средината, малку млеко и оставете да отстои 15 минути.

2.
Измешајте го квасецот со растопениот путер, јајцата, солта и брашното.

3.
Замесете тесто кое не е лепливо, но не е премногу тврдо и оставете го покриено 30 минути.

4.
Расукајте го во правоаголник околу 40×50 и дебелина од 1 cm.

5.
Лесно обележете 3 подеднакво широки ленти (лесно со нож).

6.
Бадемите измешајте го со џем, суво грозје и така покријте ја средната кора или по ред наредете го џемот, па остатокот.

7.
Намачкајте со тенок слој путер по левата и десната страна.

8.
Надворешните ленти (лево и десно) исечете ги дијагонално до фил со дебелина од 2 cm.

9.
Плетете со ленти лево-десно над филот, до крај.

10.
Затворете ги малку краевите за да не излезе филот, а готовиот производ ставете го во плех на хартија.

11.
Оставете го покриено 20 мин., а за тоа време загрејте ја рерната на 200 c.

12.
Се пече на 200 степени околу 40 минути.

13.
Шеќерот се вари со вода и со него се премачкува плетенката 10 минути пред крајот на печењето, се наросува со сечканите бадеми и се враќа во рерна уште 10 минути и се лади.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote