in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

РЕЦЕПТ КОЈ ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ НЕМА ДА ВИ ГО ОТКРИЈАТ! Оригинален рецепт за брауни – ќе го јадете со сласт, нема да остане ниту тронка!

Како од најскапата слаткарница на Менхетен!

 

Совршена комбинација на чоколадо и лешници. Ако сакате да го подобрите слаткиот вкус, додадете прстофат мелени лути пиперки во смесата – резултатот ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 250 гр путер
  • 200 гр црно чоколадо за готвење
  • 80 гр какао во прав
  • 70 гр брашно
  • 350 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 4 јајца
  • 50 гр лешници

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени C. Растопете го путерот и чоколадото во пареата, мешајте да се соединат. Додадете сецкани лешници. Измешајте просејно брашно со какао, прашок за пециво и шеќер во прав. Се меша со чоколадо и путер. Додадете изматени јајца и измешајте сè добро за да нема грутки.

Трикот што го знаат само искусни домаќинки и слаткари е дека ако сакате тестото да не „спласне“ при печење, тогаш не треба да користите миксер, туку сè да мешате рачно.

Истурете ја смесата во подмачкана и набрашнета тава и печете ја во загреана рерна 25 минути. Извадете ги од плехот само кога ќе се оладат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote