in

Раководител на италијанскиот регулатор на берзата: 5.000 криптовалути се на пазарот без никаква контрола!

FILE PHOTO: Representations of cryptocurrencies including Bitcoin, Dash, Ethereum, Ripple and Litecoin are seen in this illustration picture taken June 2, 2021. REUTERS/Florence Lo/Illustration/File Photo

Ширењето на криптовалутите без јасни регулативи е причина за загриженост затоа што може да го наруши начинот на функционирање на финансискиот пазар, изјави шефот на италијанскиот регулатор на берзата, Паоло Савона.

Тој предупреди дека во оптек има помеѓу 4.000 и 5.000 дигитални валути во светот, чие тргување воопшто не е регулирано.

Така Савона им се придружи на голем број лидери на финансиски институции кои се залагаат за поголемо регулирање на овој сегмент на пазарот, истакнувајќи дека крипто-валутите можат да олеснат нелегални активности како што се перење пари, па дури и да ја нарушат способноста на централните банки да водат монетарна политика.

„Без соодветен надзор, транспарентноста на пазарот може да се влоши, што е основа на легитимитет и рационален избор за операторите (на пазарот)“, рече Савона, претседател на италијанската комисија за пазар на капитал, Консоб, претставувајќи го годишниот извештај на надзорното тело.

Европа и Соединетите држави работат на прописи за регулирање на дигиталните средства и нивните добавувачи, бидејќи инвеститорите бараат нови основни правила.

Покрај развојот на регулаторната рамка, некои земји, вклучувајќи ги Кина, Велика Британија и Русија, размислуваат и за лансирање на сопствени централни валути.

Савона изјави дека во оптек има околу 4.000-5.000 крипто-валути за кои не постои форма на регулација.

„Ако на тоа го додадеме и неодамнешното искуство на Консонб со затворање на стотици веб-страници во Италија кои нелегално собираат заштеди, сликата станува загрижувачка“, додаде тој. Тој предупреди дека крипто-валутите може да послужат како покритие за криминални активности како што се затајување данок, перење пари, финансирање тероризам и киднапирање.

„Ако потрагата по решение на европско ниво трае премногу долго, ние (Италија) ќе мора да преземеме свои мерки“, рече Савона.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote