in

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ ОД СЗО: Рекорден број на нови инфекции во светот за една недела.

Според СЗО, од 8 ноември во светот се заразени околу 49,7 милиони луѓе, а 1,2 милиони починале.

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот минатата недела се зголеми за повеќе од 3,6 милиони, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, објави Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи во тој период се зголеми за 54 000, што е за 9 000 повеќе отколку во претходната недела.

Во соопштението се прецизира дека минатата недела бројот на новозаболени лица во светот бил поголем за осум проценти во споредба со претходната недела.

Повеќе од половина, 54 проценти од новите случаи, биле пријавени во Европа, а 47 проценти од смртните случаи биле регистрирани во тој регион.

Претходниот рекорден број на новозаболени лица во светот на неделно ниво беше забележан во неделата од 26 октомври до 1 ноември, кога беа заразени 3,3 милиони луѓе.

Според СЗО, од 8 ноември во светот се заразени околу 49,7 милиони луѓе, а 1,2 милиони починале.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote