Успехот беше замаглен од осум проценти пад на акциите на компанијата, предизвикани од предложените нови кинески закони за монопол.
Кинеската компанија Алибаба постави нов рекорд во продажба на стоки преку Интернет од 56 милијарди долари за време на годинешниот празник за шопинг Денот на синглови, но тој подвиг беше засенет од осум проценти пад на акциите на компанијата, предизвикани од предложените нови кинески антимонополски регулативи

Денот на синглови е традиционален 24-часовен трговски настан во Кина кога продавачите нудат десетици милиони производи со огромни попусти на платформите за е-трговија управувани од Alibaba, JD.com и други играчи.
Кинескиот празничен шопинг бележи поголем сообраќај од Црниот петок и Сајбер понеделникот заедно во САД, пренесува Танјуг, повикувајќи се на CNBC.
Пазарење од 1 до 12 ноември
Оваа година мрежните трговци на мало JD.com и Alibaba го продолжија фестивалот за шопинг, кој започна на 1 ноември и ќе трае до 12 ноември до полноќ.
Алибаба рече дека бруто вредноста на стоките (ГМВ), износот што ја покажува вкупната вредност на нарачките преку платформите за електронско купување на Алибаба, надминал 372,3 милијарди јуани (56,42 милијарди долари) до пладне, по време на Пекинг.
Таа сума ја вклучува вкупната вредност на нарачките од почетокот на настанот на 1 ноември.

Оваа сума е значително поголема од 268,4 милијарди јуани ГМВ, што Алибаба ги забележа минатата година за време на 24-часовното тргување на Денот на синглови.
Овогодинешниот ден на самците беше организиран и покрај глобалната пандемија на коронарен вирус, кој ја опустоши светската економија.
Во Кина, каде вирусот е во голема мерка под контрола, економијата започна да се опоравува, а пазарните аналитичари се особено заинтересирани за тековниот кинески празничен шопинг како потенцијален показател за јачината на домашните потрошувачи.
Коментари
Loading…