in

Што?Што?

Оборени неколку рекорди во освојувањето на Монт Еверест!

Пензиониран адвокат од Чикаго стана најстариот Американец кој успешно се искачил на Монт Еверест, а една жена од Хонг Конг стана најбрзиот планинар на светот.

И двајцата се вратија денес од успешна мисија и покрај лошите временски услови што ги придружуваа за време на искачувањето.

Канг Џин-бесен (45) успеа да се искачи на Монт Еверест од базниот камп за само 25 часа и 50 минути и со тоа стана најбрзиот алпинист на светот.

Артур Муир (75) минатиот месец тргна да го освои највисокиот врв на светот и го сруши досега рекордот што го држеше Бил Брк (67).

Рекордот во брзото освојување на Монт Еверест го држи водичот Шерпас Лакпа Гелу, кој успеа да се искачи за само 10 часа и 56 минути.

На Монт Еверест, од непалска страна, успеа да се искачи 46-годишниот Кинез Џанг Хонг, кој е слеп и е првиот Азиец и третиот во светот со таков хендикеп кој успеа да постигне таков подвиг.

Првиот слеп човек кој се искачил на Еверест бил Американецот Ерик Виченмаер, кој го освои „покривот на светот“ во 2001 година со неговиот пријател и водич Чианг Зи.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote