in

КОРОНАТА НЕМИЛОСРДНА ПРЕМА СВЕТОТ: Рекордни 628.136 новоинфицирани во светот само вчера.

Европа води со 46% од новозаразените лица во споредба со остатокот од светот.

Рекордни 628.136 нови случаи на коронавирус беа потврдени во светот вчера, а починаа 9.623 лица, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, вкупниот број на заразени лица во светот од почетокот на пандемијата достигна 52,48 милиони, а 1,29 милиони луѓе починаа.

Претходно, најголемиот дневен број на новоинфицирани лица во светот беше регистриран на 7 ноември, кога имало 613 977 заразени.

Најголем број нови случаи, 291.830, има во Европа, што е повеќе од 46%.

Следува Јужна и Северна Америка и Југоисточна Азија.

Досега, повеќето случаи на коронавирус се потврдени во САД, 10.26 милиони, проследено со Индија, Бразил и Русија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote