in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ТАА Е НАЈБОГАТА ТРУДНИЦА НА СВЕТОТ! Ријана заработува вртоглава цифра, еве колку е “ТЕШКА” пејачката!

Веста која ги воодушеви сите е бременоста на популарната музичка ѕвезда Ријана.

Пејачката го очекува своето прво дете со раперот ASAP Rocky. Тие двајца направија серија фотографии, а во прв план дојде трудничкиот стомак на Ријана, а убавицата од Барбадос е една од добростоечките познати личности, барем кога се работи за финансиите.

Имено, минатата година беше објавено дека Ријана станала милијардерка. Според магазинот Форбс од август 2021 година, пејачката е „тешка“ 1,7 милијарди долари.

Тоа ја прави една од најбогатите музичари во светот. Таа беше на таа листа зад водителката Опра Винфри, која, според тогашниот магазин Форбс, беше најбогатата личност во светот на шоу-бизнисот.

Инаку, најголемиот дел од материјалното богатство на Ријана, проценето на 1,4 милијарди долари, потекнува од вредноста на нејзиниот бренд. Исто така, пејачката заработува многу пари од својот бренд за долна облека, чија вредност е околу 270 милиони долари. Исто така, Ријана заработува многу од својата музичка и актерска кариера.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote