in ,

Што?Што?

Ријана е најмладата милијардерка во САД

34-годишната пејачка е најмладата жена на листата на „Forbes“. Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а главни извори на приходи се заработката од музиката и козметиката. Ријана е косопственик на линијата на козметички производи „Fenty Beauty“, од која доаѓа најголемиот дел од приходите на пејачката. Исто така, „Forbes“ наведува дека Ријана има 30 отсто удел и во брендот „Savage x Fenty“, што ѝ носи вртоглави приливи.

Покрај Ријана, на листата се најдоа и други познати жени, како Ким Кардашијан чие богатство се проценува на 1,8 милијарди долари, Мадона со 575 милиони долари, Тејлор Свифт со 570 милиони долари и Бијонсе со 450 милиони долари.

Покрај тоа што е успешен музичар и претприемач, Ријана неодамна стана и мајка. Таа и раперот АСАП Роки, како пренесоа американските медиуми, добија син на 13 мај, а детето се родило во Лос Анџелес.

Кајли Џенер не е повеќе на иста листа

Во 2019 година титулата за најмлада „self-made“ милијардерка според „Forbes“ ѝ беше доделена на тогаш 21-годишната Кајли Џенер. Меѓутоа, во мај истата година, Кајли беше исфрлена од листата. „Forbes“ тогаш го обвини нејзиното семејство дека намерно ја зголемува вредноста на нејзиниот бренд за козметика. Тие тврдеа дека познатото семејство Кардашијан-Џенер направило извонредни напори за да ја претстави како побогата отколку што е.

Џенер потоа се огласи на „Twitter“ каде истакна дека станува збор за „неточни изјави и непроверени претпоставки“.

И покрај целата драма што се случи, многумина се фатија за терминот „self-made“ или „само-создадена“ милијардерка. Многумина се потсмеваа затоа што таа потекнува од ултра богато семејство.

„Forbes“ ѝ го препиша статусот на милијардерка на Кајли Џенер поради успехот на нејзиниот бренд за козметика, кој го основаше во 2015 година, во кој се вклучени „Kylie Cosmetics“ и „Kylie Skin“. Во 2019 година, Џенер објави дека продава 51% од акциите во компанијата на гигантот за убавина „Coty“ за 600 милиони долари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote