in

Нова статуа на Исус Христос се гради на југот на Бразил, и ќе биде поголема од онаа во Рио!

Нова огромна статуа на Исус Христос се гради на југот на Бразил и ќе биде повисока од познатиот споменик на Христос Спасителот што се издига над Рио де Жанеиро.

Статуата се гради од 2019 година во градот Енкантадо во бразилската држава Рио Гранде до Сул. Завршувањето е планирано за втората половина на оваа година.

Основач на идејата е градоначалникот Адроалдо Конзати, кој почина минатиот месец од компликација на ковид-19.

Христос Заштитникот со постамент ќе биде висок 43 метри, а распонот на раката ќе биде 36 метри. Ќе има внатрешен лифт и белведер во близина на врвот.

Заради споредба, Христос Спасителот е висок 38 метри со подножје, а распонот на раката е 28 метри. Статуата ќе „наполни 90 години“ во октомври.

Енкантадо, бразилски град со 22.000 жители, се наоѓа на 150 километри северозападно од Порто Алегре, главниот град на таа држава.

Статуата се поставува за да се поттикне религијата и туризмот во областа, велат локалните власти. Автори на скулптурата се татко и син, Генесио и Маркус Мура.

Цената на проектот е два милиони реали (околу 296.000 евра) и тој е целосно финансиран од донации.

Тоа ќе биде трета највисока статуа на Исус во светот. Хесус Бунту Бураке во Индонезија и статуата на Кралот Христос во Свибоџин, Полска, се високи повеќе од 50 метри.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote