in ,

WTFWTF Што?Што?

Робот му скршил прст на момче за време на шаховски натпревар (ВИДЕО)

Робот му го скршил прстот на седумгодишното момче за време на шаховски меч одржан минатата недела во Москва, објави во неделата Би-Би-Си.

„Роботот му го скрши прстот на момчето“, изјави Сергеј Лазарев, претседател на Московската шаховска федерација за новинската агенција Тасс.

На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа како роботот зема една од фигурините на момчето. Момчето потоа прави потег, а роботот го фаќа прстот.

Четири возрасни лица притрчале на помош и прстот на момчето бил ослободен од стисокот на роботот.

Лазарев рече дека машината досега одиграла многу натпревари без ниту еден инцидент.

Момчето успеа да ги заврши последните денови од турнирот во гипс, додаде Тас.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote