in ,

WTFWTF Што?Што?

Робот, супермодел и келнерка во едно: Нова атракција во Дубаи (ВИДЕО)

Првото „Donna Cyber ​​Cafe“ наскоро ќе се отвори во Дубаи, а негова специјалност е супермодел робот кој на клиентите им служи кафе и сладолед, без човечка помош.

Роботот Дона, создаден да изгледа и да оди како вистинска жена, дури е програмиранa да ги чита емоциите на гостите.

Има силиконска кожа и очи, па тешко е да се утврди дека се работи за хуманоид, а интересно е што многу наликува на источноевропската манекенка Дијана Габдулина.

Таа ќе може да разговара со клиентите, да прави селфи, па дури и да им раскажува приказни.
Ресторанот, чија локација се уште не е откриена, ќе работи 24 часа на ден, седум дена во неделата и ќе служи сладолед, безалкохолни пијалоци и разни видови кафе.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote